Хронологија на лошите навики на Бихаќка: СДСМ преку „лажни вести“ ќе се враќа на власт, ПАК…
Македонската јавност е, буквално, бомбардирана со лажни вести. Симптоматично или не, но сите од една те иста и позната адреса. Од улица Бихаќка. Не само преку порталите без импресум, ботови и „инфлуенсери“, истите лажни вести ги кажува јавно и нивната портпаролка. Партиските соопштенија, башка. За жал на Македонија, лошата СДС навика има длабока генеза и не е ништо ново, последните лаги се само дел од крешчендото на партијата коај во 6-та брзина ита кон пасокизација. Аирлија…
Прв дел. Деновиве, јавноста е обременета од серија лаги од Бихаќка, а најактуелна е онаа дека минситерствата потрошиле „цели“ 30 илјади евра за ручеци. Ај што во нивниот мандат бегалката Груби која се одзива на Артан во само еден ден потроши 20 илјади за ќебапи од една те иста ќебапчилница, а Маричиќ кркаше бифтеци и „палеше“ авионче да ги м’ска истите во Ниш, ама не се ни 30 илјади за 4 месеци (120 дена). Лажеле СДС, а бројките не лажат. Направиле „сума – сумарум“ на се’ што вработените го потрошиле во бифеата, замисли од свои пари, па се’ на купче лажно претставиле ко вкупен трошок. Аке не верувате, прашајте ја Богданка. Некаде Бог дава, некаде зема. Без усул…
Втор дел. Се запенавија лажејќи дека анкетата на МКД.МК изработена од Маркет Вижн била платена од владини пари. Тоабез срам и перде го вергла Филип, тоа го вергла партијата, а нема абер од истото. Нарачател е МКД.МК, владата ја нема во прикаската. Дури одеа со наратив „За кочани не дадоа пари, ама дадоа 40 илјади евра за анкети“. А то, нема благе везе. Проблемот е што им пречи анкетата и резултатот 5:1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, уште повеќе соодносот 7:1 меѓу Мицкоски и Филипчо, најмногу што 52% од граѓаните би гласале за ВМРО ако утре има избори. Па, така, најдени во тесно и соочени со катастрофалната од јавно мислење за нив, удрија наона што најдобро го знаат. На лажење…
Трет дел. Пандов, замисли само да си ја запалил викендичката заради осигурување. „Осигурање“, поточно, како што нивните десетици ботови со лажни профили мешетарат по антисоцијалните мрежи, лажејќи без усул. Не знаат пустите, дека во таа викендичка човекот се има вложено себеси. Кој би си го запалил своето животно дело? Ама, тоа СДС не го разбираат. Не можат, затоа што никогаш ништо и не создале. Тие рушат и продаваат, ама туѓо, наше, само за тоа ги бива…
Четврт дел. „Репортери без граници“ ламентираат за некаков си пад на слободата на македонското новинарство, пад од ШЕСТ места базиран на лага, од знаеме кого. Во кусото образложение на РБГ пишува дека „владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите“. Кој за РБГ, за жал и чудо, е тој необјаснет став кој како да го пишувале новинарите од Бихаќка, не пишуваат и објаснуваат. Со ниту еден збор, нема ниту еден беден пример за наводниот став… Вокабуларот е познат и личи на оној од кујната ан СДС. Не „личи“, затоа што е од таму, од „новинарите“ кои децении за „туѓи бели дворови, ни копаат црни гробови“. Едни те исти ликови. И така, 3,4 децении…
Петти дел. Христијан Мицкоски демек му се поклонил на Бојко Борисов?! Бедна, евтина фотомонтажа која ги запоседна македонските социјални мрежи. На страна што доаѓа од партијата чии лидери го востновија коленичењето и се оновоположници на сервилноста во Македонија. Влекачи, е комплимент за многумина од нив. Не им помина добро форката, ама си го направија ќефот, притоа јасно покажувајќи го бедното, сеирџиско и лажливо лице на пи-ар мејкерите, Забрчанци, Дерали, Бојаровци и компанија.
Шести дел. ССМ, народски кажано, фатени со смкнати гаќи дека одработуваат за СДСМ и Левица. И онака, разликата е во една буква, „Д“, само сега и јавно ССМ=СДСМ. Иако, со овој, вчерашен чекор на протестот коалицијата Филипче – Апасиев е само појасна. И онака, каде и да е ќе мораат да ја обелоденат, па доаѓаат избори, локални. И што направија кога ССМ беа фатени дека го политизираат протестот? Ги исклучија оние чесни и искрени синдикалци кои го обзнанија она што целата јавност јасно можеше да го види и слушне од СДС/Левица вокабуларот на демек синдикалците. Ни направија услуга, да не се мачиме и мислиме каде се, што се и од кого се раководени…
Сето ова се случува за само неколку дена, иако опфатот на седумте лаги на СДС гласноговорниците е уште поширок и пообемен. Треба само да се вратиме неколку дена и имаме нов наплив. Еднаш дури и се извинија, кога ја утнаа со лагите за Викторија Трајков. За Анатасија Илиевска тоа не го сторија, иако оддржаа прес-конференција за наводниот конфликт на интереси, а утнаа, ама многу, жив резил беа. Се сеќавате на Чаушот и лажната афера со личните карти, „сторија“ за која „колегата“ Арсиќ доби и награда од ЗНМ, за која не се извини ниту тој, ниту тие, нити ги вратија парите, ништо. Тука е и ФАБРИКАТА на СДСМ со Борјановци, Сашовци, Ацовци, Васковци и кој веќе не, тука се и милионите од грчката влада за смена на името со јавно обзнаени платени новинари, замисли само. Та Заев лажеше за Диво насеље, лажеше и за Монструм, лажеа кинеа без усул и срам и за Малата Тамара, за Нешковски, за Младенов… Лажеа за украдени милијарди, паркираа кондури пред влада, фарбаа инстируции, монтираа незаконски снимени разговори. Чуда правеа. Тука се и сведоштвата при затворањето на УСАИД за Сорос, за платишите во новинарските редови, за спонзорираните текстови, наративи и редица други злодејанија против личности, против државата, против нацијата…
Принципот е јасен, бубачката е пуштена, па ти после демантирај, пишувај, давај изјави, а аудиториумот ќе мисли: „Ете го, се вади пустиот…“
Чаре? Има ли излез од оваа децениска СДС папазјанија и лоша, манипулаторска навика?
Прво и основно. Очи широко отворени, не како кај Кјубрик. Не голтајте, соџвакајте ги малку работите, без еуфорија и не верувајте во се’ што е „рекла-казала“, таму се мајстори на занаетот. Штом е шпекулација, 99% е од кујната на Бихаќка, докажано…
Второ, она што го прави целиот бел свет. Тужби. Не ги штедете. Многу тужби за клевета, лаги и дезинформации. Па, барем, да имаат пустите зошто да кукакат…
Што вели временската прогноза за следниот период?
Ќе биде местимично облачно со куси пројави на сонце и пороен дожд од лажни вести од опозициската СДСМ. Носете чадор и од хигиенски причини не ги отворајте сториите со сензационализам зачинети со девалвација на личности, институции и владини претставници. А, ако веќе сте го сториле тоа, најмногу превентивно заради зачувување на менталната хигиена и душевното здравје, не „голтајте“ без добро џвакање на материјалот. Подгответе се за поплава од опозициски, очајнички повраќаници…