Новото издание на ЛШ може да има шест премиерлигаши
За остварените резултати во европските натпреварувања, Англија и Шпанија добија дополнително место во Лигата на шампиони и од овие две првенства ќе има по пет сигурни учесници, но Премиер лигата сега е пред историска шанса да има шест претставници во најелитното европско натпреварување.
Ако Јунајтед и Тотенхем не потфрлат на реваншите, јасно е дека ќе има англиски победник во финалето во Лигата на Европа, а тоа значи дека „ѓаволите“ или „петлите“ ќе бидат шестиот англиски претставник во Лигата на шампиони наредната сезона.
Јунајтед и Тотенхем немаат никаква шанса да изборат пласман во Европа преку Премиер лигата, па јасно е дека двата тима ќе дадат се за да ја спасат сезоната и да освојат трофеј кој ќе ги однесе и во европската елита.