Панди Јани: Гоце Делчев е Вечна водилка на македонскиот народ
На денешен ден, 4 мај, со длабока почит се сеќаваме на великанот Гоце Делчев – визионер, револуционер и борец за слободата и достоинството на македонскиот народ.
Гоце не ни остави само историја – ни остави пат, ни остави идеал. Неговата мисла за обединета и праведна иднина, за живот достоен за секој човек, и денес е нашиот компас.
Во негово име, продолжуваме да се бориме за правда, за достоинство, и за иднина каде Македонците во секоја земја ќе живеат рамноправно и слободно.
Вечна слава на Гоце Делчев, порача македонскиот активист Панди Јани.
