Рони О’Саливен ја изненади британската јавност

Најголемата легенда на снукерот, Рони О’Саливан, ја шокираше јавноста со најавата дека ја напушта Велика Британија и се сели на Блискиот Исток, поточно во Саудиска Арабија

Неговата одлука доаѓа по поразот на Светското првенство во Шефилд, каде беше убедливо елиминиран од младиот кинески талент Жао Ксинтонг со резултат 17:7.

Неговата изјава по натпреварот ги изненади фановите ширум светот.

„Мислам дека оваа година се селам од Велика Британија. Ќе се преселам на Блискиот Исток и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Можно е да се вратам веќе за шест месеци. Нов живот, на ново место. Не знам како сето тоа ќе изгледа“, изјави О’Саливан.

 

Слични