Порталот „Eurodevotion“, наведува дека кошаркарот со македонски пасош Ти Џеј Шортс, во моментов има понуди и нема сигурно да остане во тимот на Париз.

Одличниот плејмејкер играл за 450.000 евра оваа сезона, а овој извор најавува дека лесно би можел да потпише за четири до пет пати поголема сума ова лето.

Истиот портал објавува дека во моментов Фенербахче води конкретни преговори со менаџерот на Шортс.

Покрај Фенербахче. заинтересирани за Шортс се: Олимпија Милано, Барселона, Панатинаикос и Анадолу Ефес.

Слични