Анчелоти: „Ел Класико“ ќе биде одлучувачки во трката за титулата

Реал Мадрид ја совлада Селта Виго со 3-2 и одново дојде на минус четири во однос на лидерот Барселона и тоа во пресврет на дербито кое на 11 мај се игра на „Монжуик“.

-Да, секако дека треба да победиме. Не би рекол дека натпреварот во недела ќе биде одлучувачки, но речиси… Ако победиме, заостануваме еден бод. Лигата сè уште би била во рацете на Барселона, но ние ќе имаме поголеми шанси, -вели Карло Анчелоти кој смета дека неговата екипа може да биде конкурентна и покрај тоа што ги загуби сите битки со големиот ривал во тековнава сезона.

-Игравме против нив минатата недела и беше натпреварувачки. Бевме блиску до победа. Мораме да одиграме сериозен натпревар и ќе играме со сета самодоверба на светот, -порача Италијанецот.

Реал ќе може добро да се одмори пред Ел Класико, додека Барса има тежок меч со Интер во ЛШ и останува да се види дали ова може да влијае врз каталонците.

Слични