Делови од Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе останат без струја

Од ЕВН Македонија известуваат дека за ден 05.05.2025 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 09:00 до 11:30 часот, објектите на фирмите Сојуз на Здружение на Возачи и Елмиго, корисниците од улиците „Драчевска“, „Андреја Петковиќ“, „Славка Динкова“, „Гандиева“, „Ниже Планина“, „Јакупица“, „Атанас Разлов“ и корисниците од околните стопански и нестопански објекти во општина Кисела Вода.

Без струја ќе останат и корисниците од ул. „Иван Цакар“ – поголем број од парните броеви во општина Ѓорче Петров.

Слични