ФОТО: Пријовиќ го покажа трудничкиот стомак, синот ја бакнува
Пејачката Александра Пријовиќ сподели фотографија на социјалните мрежи каде што го покажа своето трудничко стомаче.
На фотографијата објавена на Инстаграм, Александра позира во долг црн фустан, додека нејзиниот син Александар ја бакнува во стомакот.
View this post on Instagram
Пејачката моментално престојува во Мајами со својот сопруг Филип Живојиновиќ и синот Александар. За време на престојот, тие го посетија и Дизниленд.
Во јануари беше објавено дека Александра е бремена, по што таа најави дека ќе направи пауза во кариерата.