СЕЌАВАЊЕ: Пет години од смртта на Драган Вучиќ
На 4 мај 2020 година по компликации од коронавирус, на Инфективната клиника во Скопје, почина пејачот, композитор и ТВ-водител Драган Вучиќ.
Вучиќ е автор на популарни поп песни како „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“, а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005.
Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“.
Вучиќ беше популарен како водител на квизовите „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“, „Среќни луѓе“, a последна емисија му беше „Гурмански приказни“ што се снимаше со пејачи, актери и уметници низ балканските земји.
Роден е во Скопје во 1955.