Флик: Целиот тим расте во натпревари како овој со Интер

Германскиот стратег на Барселона Ханси Флик со нетрпение го очекуваат реванп мечост со Интер во Лигата на Шампионите.

„Би сакал да го видам мојот тим како ужива и го извлекува максимумот од овој натпревар. Се надевам дека ќе играме како обединет тим. Секако треба да се прилагодиме на одредени работи, но за тоа ќе видиме утре. Дали треба да вршам притисок врз тимот? На почетокот на сезоната, никој не замислуваше што ќе постигнеме. Имаме две титули и сакам тие да ја докажат својата вредност. Имаме играчи да ги заменат повредените. Целиот тим расте во натпревари како овој со Интер. Треба да уживаме во полуфиналето и да играме заедно. Момците ја сакаат конкуренцијата.“, изјави тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Натпреварот меѓу Интер и Барселона се игра во вторник од 21:00 часот.

Слични