ФОТО: Бекам го прослави 50 роденден, објави посебни спомени со семејството и пријателите
По повод неговиот 50-ти роденден, Дејвид Бекам се потсети на најдобрите моменти од неговата кариера и живот, споделувајќи емотивни пораки и фотографии со семејството и пријателите.
Дејвид Бекам вели дека „се чувствува многу среќен“ што го прославува својот 50-ти роденден.
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија сподели серија фотографии на кои се гледа како ја слави роденден со сопругата Викторија и децата – Ромео, Круз и Харпер.
Најстариот син на Дејвид и Викторија, Бруклин, како и неговата сопруга Никола Пелц Бекам, не се појавија да присуствуваат на прославата.
Во заедничка објава на социјалните мрежи, Дејвид и Викторија напишаа:
– Создаваме посебни спомени со семејството и пријателите. Ве сакаме сите, стои во објавата.
View this post on Instagram
На фотографиите се гледа спортската ѕвезда и неговите синови облечени во смокинг, додека Викторија и ќерката Харпер се облечени во долги темно сини фустани за таа пригода.
На една слика се гледаат Дејвид и Викторија како се бакнуваат над маса полна со гости.
Поранешниот фудбалер и Викторија, кои се во брак од 1999 година, се сметаат за моќен пар, а заедно се појавија во документарецот на Нетфликс „Бекам“, кој стана вирален поради сцената во која Викторија зборува за општествените класи.