И’ ја прегазил ногата: Девојче (10) тешко повредено, помалиот брат случајно стартувал автомобил
Во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилепвчера попладне било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од од с.Алданци, крушевско.
-Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата, информира МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.