Инзаги: Пред мечот со Барселона сакам еден силен Интер
Тренерот на Интер Симоне Инзаги го најави дуелот со лидерот во Шпанија во Барселона во рамките на полуфиналето на ЛШ.
„Очекувам силен Интер. Свесни сме за важноста на овој натпревар. Ќе биде потребен одличен настап против многу силен тим, чија класа веќе ја искусивме од прва рака. Ќе ни треба Интер кој е фокусиран и јасен во своите акции.
Околу тоа кој ќе игра, ќе донесеме одлука заедно со тренерскиот штаб и самите играчи. Тие треба да ми кажат како се чувствуваат. Лаутаро не тренираше од натпреварот против Барселона, ќе видиме во каква состојба ќе биде. Дали ќе биде стартер? Зависи од тоа како се чувствува. Ако не може да започне од првата минута, ќе биде тешко да помогне во последните 25. Имавме многу повреди во текот на сезоната, исто како и другите големи тимови. Ќе донесам одлука утре наутро.
Мора да се обидеме да не му дозволиме на Ламин Јамал да ја добие топката, но тоа е невозможно. Очигледно, ќе биде удвојуван на теренот и се ќе биде внимателно следено, ќе се обидеме да му посветиме посебно внимание. Во живо, тој е исклучителен талент, тој е исклучително опасен – сите му ја додаваат топката. Ме импресионираше со својата брзина на размислување – секогаш знае што да прави.“, изјави Инзаги пред мечот.
Натпреварот меѓу Интер и Барселона се игра во вторник од 21:00 часот.