Обојкарите на Струмица ја одбранија титулата во машка конкуренција

Машкиот одбојкарски тим на Струмица останува неприкосновен владетел во македонската одбојка на финалната серија со победа на четвртиот натпревар со што дојде до посакуваниот трофеј.

Штип УГД не успеа да се избори за мајсторка и го положи оружјето во натпревар кој беше целосно контролиран од струмичани, а мала неизвесност се внесе откако третиот сет заврши во корист на предизвикувачите.

Одбојкарите на Штип одговорија со 25:16 откако ги загубија првите два сета со 25:21 и 25:19, но кога дојде моментот на вистината, струмичани одново имаа повеќе нерви, но и повеќе квалитет.

Актуелниот бранител на титулата го доби четвртиот сет со 25:23 и со вкупни 3:1 во финалната серија го одбрани тронот.

Струмица на овој начин ја освои осмата титула во низа, а вкупно има 12 во најсилната одбојкарска лига на Македонија.

Слични