ОН го отфрли планот на Израел за затворање на постојниот систем за помош во Газа

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања денеска го отфрли планот на израелските власти за затворање на постојниот систем за помош во Газа.

„Не прифаќаме предлог и план што не ги исполнува основните хуманитарни принципи на непристрасност, неутралност и независна испорака на помош“, изјави во Женева, портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, Јенс Лерке.

Според него, израелскиот план е „дизајниран за дополнително да го контролира и ограничи снабдувањето, што е спротивно на тоа што е потребно“.

Слични