Пешевски: Одиме на две победи
Македонскиот ракометар Жарко Пешевски ги најави последните два меча од квалификациите за ЕП 2026.
„Ни следат два важни натпревари на кои со две победи може да ни донесат големо пррвенство. Ни претстојат Естонија и Литванија, со квалитетот и искуството што го имаме, на крајот би требало да биде пресудно за позитивен резултат за двата натпревари.
Секако дека од нас се очекуваат победи, знаеме Естонија што го одигра последниот меч со Литванија дека беше добар. Првиот меѓусебен меч со Естонците понуди голови. Се надевам дека следните денови ќе ги искористиме добро да се подготвиме. Спортски е да одиме чекор по чекор, прво сакаме да имаме добар резултат со Естонците, а потоа во Скопје, пред полна сала, мислам дека Литванците нема што да бараат“, изјави Пешевски.
Натпреварот меѓу Естонија и Македонија се игра на 8 мај, додека дуелот Македонија – Литванија е закажан на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“.