Почина Луис Галван, светскиот првак со Аргентина од 1978
Луис Галван, поранешниот дефанзивец на аргентинската фудбалска репрезентација со која го освои Светското првенство на домашен терен во 1978 година, почина на 78-годишна возраст, соопшти денеска Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА).
Галван неколку недели бил хоспитализиран во болница во Кордоба поради инфекција на бубрезите, а починал во понеделник.
Под водство на харизматичниот тренер Луис Сезар Меноти, Аргентина ја освои својата прва мундијалска титула на Светското првенство во 1978 година, откако ја победи Холандија со 3-1 по продолженија во големото финале.
Марио Кемпес блескаше на домашниот финален турнир, постигнувајќи шест голови и беше избран за најдобар играч на турнирот, додека Галван одигра истакната улога во одбраната, заедно со Даниел Пасарела и голманот Убалдо Фијол.