Расчистени девет тешки кражби во Битола, од слобода лишени три лица

Вчера, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода П.В.(18) Ј.Д.(18) и еден малолетник, сите од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на кафемати на повеќе места на подрачјето на Битола и кражба на нафта од автобус.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Слични