Tри Македонки со ангелски глас триумфираа на интернационалниот фестивал „ANGEL VOICE Bеlgrade 2025“

На 25 и 26 април, Белград беше домаќин на престижниот меѓународен натпревар Angel Voice Belgrade 2025, на кој учествуваа над 120 млади уметници од целиот свет. Со голема гордост, Македонија беше претставена од тројца талентирани млади пејачи: Нела Манческа, Мартина Трпчевска и Михаела Стојановска, ученици на професорката по соло пеење Александра Коцевска.

Тие не само што го покажаа својот голем талент, туку и освоија извонредни награди, докажувајќи дека Македонија има млади уметници со светски потенцијал.

Во индивидуалните категории, Нела Манчевска (13 години) беше прогласена за апсолутен победник во категоријата мјузикл.

Мартина Трпчевска (9 години) освои прво место и златен медал во категоријата мјузикл до 10 години.

Михаела Стојановска (15) години, го освои второто место во својата категоријата ПОП пеење што е доказ за нејзиниот талент и труд.

Нела и Мартина освоија прва награда и златен медал во категоријата „Дует“, настапувајќи со емотивната песна „За овој свет“ од Тоше Проески. За време на нивниот настап на натпреварот во чест на Тоше Проески, салата беше исполнета со толку многу љубов, што  зрачеше од душата и срцето на овие две музички ѕвезди. Нела и Мартина, со своите ангелски гласови, ја маѓепсаа публиката и создадоа момент на чиста емоција кој ќе остане запаметен во срцата на сите присутни.

Целата вест прочитајте ја на ВИСТИНА

Слични