Жена тешко повреден во Кочани, ја удрил автомобил

На 05.05.2025 во 09.11 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека на ул.„Глигор Апостолов-Гочо“ во Кочани, патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Х.(56), удрило во пешакот Т.М.(46), двајцата од Кочани, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.М., констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Слични