Две илјади водомери со далечинско управување од утре ќе се инсталираат во Кавадарци

Две илјади водомери со далечинско управување од утре ќе се инсталираат во Кавадарци, најави денеска директорот на кавадаречки ,„Комуналец“, Гоце Ангеловски. Тој се осврна на дигитализацијата во ова јавно комунално претпријатие, во рамките на седницата на Советот на Општината, на која беше усвоен извештајот за нивното работење во првите месеци од годината.

– Од утре се монтираат и тајмери со електровентили на поголемите зелени површини, со цел контрола на наводнувањето и рационално трошење на водата, рече Ангеловски.

Тој појасни дека се раководат по синхронизирани работни налози по пријави во кол центарот и директно во претпријатието, а за секоја пријава има повратна информација.

– Мобилната апликација „е – Комуналец” се почесто се користи од граѓаните, така да силно работиме на дигиталните услуги и во наредниот период ќе има многу нови услуги во делот на современиот дигитален свет, подвлече Ангеловски.

Слични