Филипче со директна навреда и криминални инсинуации кон Велика Британија: Не го знаеме потеклото на парите?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Бихаќка инсинуираше криминално потекло на финансиите на Обединетото Кралство и на функционирањето на Комонвелтот (каде доброволно членуваат 54 независни држави со вкупно 1.921.974.000 луѓе).

Веста од рубриката „верувале или не“ доаѓа како резултат на паниката во нивните редови, кога очигледно соочени со нов успех на Владата на премиерот Мицкоски, СДСМ во паника почнува да манипулира, да шири дезинформации и лажни вести, протнувајќи т.н. „бубачки“, непроверени инсинуации и информации. Лажните вести, велат, се последното прибежиште на неспособните.

Една од нив е дека на „заемот“, потценувачки поим  на кој го сведоа Стратешкиот договор меѓу Македонија и Велика Британија, не му се знаело ни ПОТЕКЛОТО НА ПАРИТЕ, како што вели лично Филипче.

Симптоматично, политикантски и крајно аматерски тој постави и прашање соодветно на „муабет“ од пред кооперација –  „Ниту ги знаеме каматите, ниту потеклото на парите?!“, алудирајќи притоа и директно навредувајќи го Обединетото Кралство – кое небаре ни дава нелегални средства од криминални трезори без јасно потекло, заборавајќи дека тоа е Велика Британија, а не сомнителна кинеска фирма со која склучувате договор за ДЕСЕТ ПАТИ ПОСКАПИ АНТИКОРОНА ВАКЦИНИ и дека таквите врски со криминалци и пасоши беа „посластица“ од ресорот на неговиот колега министер за внатрешни работи од Куманово.

-Начинот на заемот за вакви проекти ја бележи оваа влада како антиевропска, изјави Филипче. Човекот со необјаснето потекло на ЗЛАТНА ВИЗА (која бара минимум инвестиција од 550.000 долари во ОАЕ) додаде и дека наместо да го блокира патот кон Европската Унија, Владата требала да ги искористи можностите кои ги нуди ЕУ, како што се неповратните грантови.

Филипче, со црвенило на челото ( јасно видлива боја фатена на плажа викендов или резил-ефект на искажаните лаги и невистини на пресот, решете самите),  јасно застана и против изградбата на брза пруга во Коридорот 10, која ја нарече „големиот кредит за брзата железница север-југ“, која од една страна – иако била потребна за државата, отворала прашање за нејзиниот приоритет. Наспроти нивниот преиоритет како Влада, да се наполнат џебовите за златни визи, лотарии, двојазичност, промена на име, затворање патриоти…

Граѓаните на социјалните мрежи се потсмеваат со луцидната прес-конференција на Филипе и прашуваат: “Сега, ќе фати ли кон Русија и БРИКС пустиот политички очајник? Да викаш дека Британците ко држава се криминалци, нема друго. Да, лесно е, кога имаш ЗЛАТНА ВИЗА за земја со која Македонија нема договор за екстрадиција…“

Слични