Пуштен во употреба нов детски парк во Вевчани
Најмладите во Вевчани денеска добија нов детски парк, инвестиција на Владата на Република Mакедонија од два ипол милиони денари, средства обезбедени преку првиот повик од Унгарскиот кредит.
Игралиштето, како што информира градоначалникот Спасе Кочовски, се протега на површина од 200 метри квадратни, направено според сите стандарди, со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити.
Детскиот парк, посочи Кочовски, е на барање на најмладите жители на Вевчани.
– Посебно задоволство ни причинува тоа што изреализиравме едно огромно барање на најмладите жители. Детскиот парк, ќе биде ново катче во кое најмладите вевчанци ќе го минуваат слободното време, истакна Кочовски.
Со средства од првиот повик од Унгарскиот кредит, тој посочи дека во Вевчани се реализирани три проекти во висина од 320.000 евра. Покрај изградбата на детскиот парк реконструирани се улица и крак од канализациската мрежа. Во рамките на вториот повик, Општината аплицирала со пет проекти за реконструкција на локални улици.