Стоилковиќ со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој

Во чест на 21 Мај, денот кога се одбележува Светскиот ден за културна различност за дијалог и развој, кога ја одбележуваме убавината на различноста која нè обединува, нè инспирира и нè збогатува упатувам искрени честитки како потсетник за значењето на културната разновидност како суштинска вредност на секое општество. Токму таа разновидност нека биде мост кој гради разбирање, почит и заедништво помеѓу луѓето, зашто во свет исполнет со различни традиции, јазици и вредности, нашата сила лежи токму во прифаќањето и негувањето на разликите, соопшти Иван Стоилковиќ.

Затоа овој ден нека биде можност да се афирмира важноста на меѓусебното почитување, разбирање и соработка како предуслов за одржлив развој, социјална кохезија и мир. Културната разновидност не претставува само богатство, туку и сила што ги поттикнува креативноста, толеранцијата и заемното почитување, потенцираа во соопштението.

Нека овој ден нѐ потсети дека со вреднување на различноста, придонесуваме кон изградба на праведно, инклузивно и демократско општество, а со почит кон секоја култура – чекориме заедно кон поинклузивно и хармонично општество. Нека културата биде наш заеднички јазик, соопшти Кабинетот на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците.

.

Слични