Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул
Се зголемуваат шансите за германскиот репрезентативец Флоријан Вирц да го засили Ливерпул. Според информации на „Атлетик“, 22-годишниот играч на Баер Леверкузен веќе го информирал раководството на Баерн Минхен дека нема намера да се пресели во редовите на шампионот на Германија, туку го избрал Ливерпул како своја следна дестинација.
Во трката за потписот на Вирц останаа само Ливерпул и Баерн, откако Манчестер Сити се повлече.
Сепак, трансферот сè уште не е завршен – „црвените“ од „Енфилд“ ќе мораат да постигнат договор со Баер Леверкузен, кој за еден од најголемите фудбалски таленти на Европа бара отштета од околу 150 милиони евра.