Индијана Пејсерс со нов брејк против Њујорк

Индијана поведе со 2:0 во финалето на Источната конференција. Во вториот натпревар одигран во Њујорк, Пејсерс ги победија Никси со 114:109, правејќи огромен чекор кон пласман во големото финале.

Ниту еден тим во историјата на НБА не загубил водство од 2-0 во финалето на конференцијата откако ги добил првите два натпревари на гостински терен.

Паскал Сиакам беше одличен за Пејсерс со 39 поени (15/23 шут), пет скока и три асистенции. Тарнер постигна 16 поени, а Тајрис Халибартон беше блиску до трипл-дабл со 14 поени, 11 асистенции и осум скока.

На другата страна кај Њујорк, Џејлен Брансо го заврши натпреварот со 36 поени и 11 асистенции. Бриџис и Карл-Ентони Таунс постигнаа по 20 поени и седум скока.

Третиот натпревар од серијата се игра во недела во Индијанаполис.

https://www.youtube.com/watch?v=Twsd6UGFALs&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fsportsport.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

Слични