Калас: Македонија припаѓа во европското семејство
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас вчера беше во посета на Македонија.
Таа оствари средба со премерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и останати членови на Владата.
По посетата на социјалните мрежи, Калас напиша дека е задоволство да се биде во Скопје, како и дека Македонија припаѓа на европското семејство.
-Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и првата што имаше корист од нашиот План за раст за Западен Балкан. Тој припаѓа во нашето европско семејство. Сега е од суштинско значење да се продолжи по патот кон ЕУ, објави Калас на Х.
Со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, Калас ги посети Балканските медицински наменски сили (Balkan Medical Task Force) каде двајцата извршија увид во опремата со која Европската Унија го поддржа развојот на оваа регионална организација.