Лука Модриќ се сели во Хетафе?

Лука Модриќ (39) сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата, откако објави дека го напушта Реал Мадрид, но шпанските медиуми веќе нудат неочекувано сценарио. Според „Дифенса Централ“,

Модриќ ќе остане во Мадрид и дека кариерата ќе ја продолжи во Хетафе.Според овој извор, заедно со Модриќ во мадридското предградие би пристигнал уште еден симбол на Реал, Раул Гонзалес, кој би го заменил Хосе Бордалас на тренерската позиција.

Главната причина зошто Модриќ би се одлучил за оваа варијанта е наводно неговата силна желба да остане да живее во Мадрид, каде што поминал повеќе од десет години со своето семејство.

 

 

Слични