Нормализиран сообраќајот на автопатот Гостивар – Тетово

По прекинот заради увид при сообраќајна незгода која претпладнево се случи на автопатот Гостивар – Тетово, од пред еден час, сообраќајот е нормализиран и се одвива без ограничувања. Возачот на камионот кој се превртел на коловозот е полесно повреден.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека околу 10:15 часот е пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, на еден километар после наплатна станица Гостивар, камион со скопски таблички се превртел на патот.

– Товарно возило „Рено“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ф.Џ.(23) од гостиварско Калишта, се превртело на патот. Во незгодата, возачот се здобил со телесни повреди, изјави Реџепи.

Патниот правец беше затворен и сообраќајот се пренасочуваше по околните патишта.

Слични