Тешко повреден пешак, возачoт кој го удрил избегал
Гостиварец е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а по стореното дело возачот избегал.
-На 23 мај во 11:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на улицата „Беласица“ во Гостивар, автомобил удрил во пешакот Б.М. (76) од Гостивар, по што возачот го напуштил местото, информира СВР Тетово.
Околу 17 часот, пешакот заминал во Медицинскиот центар Гостивар, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
За случајот запознаен е јавен обвинител и по негова наредба извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.