Во прекин сообраќајот после наплатната рампа од Гостивар кон Тетово, се преврте товарно возило

Во прекин е сообраќајот на автопатот Гостивар – Тетово на еден километар по наплатната рампа во правец кон Тетово поради сообраќајна незгода.

СВР Тетово информира дека товарно возило „Рено“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ф.Џ.(23) од гостиварско Калиште, се превртело на патот.

-Во незгодата, возачот се здобил со телесни повреди, а патот е затворен и сообраќајот се пренасочува по околните патишта. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, информира СВР Тетово.

Слични