Повремен дожд и засилен ветер над 70 км/ч

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h), особено долж Повардарието.

Утринските температури во земјава ќе се вижат од 3 до 12 степени, а дневните од 9 до 17.

Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максимална дневна температура од 16 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h), особено долж Повардарието и во источните делови. Во деновите потоа времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Слични