Тен Хаг нов тренер на Баер Леверкузен
Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе стане тренер на Баер, објави новинарот Фабрицио Романо на социјалните мрежи.
Според Романо, договорот е постигнат за две години до јуни 2027 година, а ќе биде потпишан во текот на утрешниот ден.
Баер Леверкузен објави дека Чаби Алонсо ќе се повлече од функцијата главен тренер на крајот од тековната сезона.
Тен Хаг е без ангажман од октомври 2024 година, откако го напушти Манчестер јунајтед со кого ги освои ФА Купот и англискиот Лига Куп.