Хејли Бибер мислела дека ќе умре по породувањето: Крварев обилно
Сопственичката на козметичкиот бренд Рода и сопруга на Џастин Бибер, Хејли Бибер, откри дека доживеала компликации за време на бременоста поради кои се плашела дека ќе умре.
Минатиот август, Џастин и таа добија син на кој му го дадоа името Џек Блуз. Таа рече дека породувањето било најтешкото нешто што некогаш го направила.
-Беше лудо. Воопшто не беше забавно. Ми ги пукнаа воденикот. Се породував со часови без епидурална анестезија или нешто друго, рекла таа во интервју за списанието „Вог“.
Откако се породила, имала крварење поради кое помислила дека нема да преживее.
-И верувам на мојата докторка со мојот живот. Знаев дека никогаш нема да дозволи ништо да ми се случи, но обилно крвавев и луѓето умираат од тоа, и таа мисла ми помина низ глава, рекла таа.
Иако била пресреќна што се вратила дома со своето бебе, признала дека ѝ требало време да се навикне на тоа како изгледа нејзиното тело и да не биде премногу строга кон себе.
Гласините дека се разведува од Џастин, исто така, силно ја погодиле.
-Постпородилниот период е најчувствителниот период низ кој сум поминала во мојот живот, а навикнувањето на нова верзија од себе е многу тешко. Го правев тоа секој ден додека луѓето пишуваа на интернет: „Се разведуваат“, „Не се среќни“… Не можам ни да го објаснам. Живеам луд живот, рекла таа.