Изградбата на фекална канализација во месноста Плац во населба Илинден
Во насока на проектот изградбата на фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац, се продолжи со градба на фекална канализација на најнискиот и најкритичниот дел од населеното место Илинден и зафаќање на куќите кои најчесто беа поплавувани при појава на врнежливи денови.
Со градежните активности на терен ќе се изведе линија на фекална канализација во должина од 400 метри, ќе се постават 15 ревизиони шахти, како и дополнително ќе се изгради нов препумпен уред преку кој оваа мрежа ќе се поврзе со веќе изградената фекална канализација за населба Илинден, месност викана Плац која е во должина од 4200 метри.
Увид на лице место изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на тековните градежни работи и посочи дека со реализација на овие активности конечно после долг период жителите од влезот на населено место Илинден ќе добијат систем за фекална канализација, со што ќе се реши нивниот голем проблем со постојаните поплавувања на нивните дворови и објекти.
Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден.