Пуштен сообраќајот во двата правци од Крива Паланка кон Деве Баир откако беше затворен поради сообраќајка
Од 13:00 часот денеска имаше прекин на патен сообраќај А2 Крива Паланка кон Деве Баир во двата правци за секаков вид на моторни возила, поради случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и пешак.
Во 14:15 часот пуштен е патниот сообраќај на патен правец Крива Паланка кон Деве Баир.
АМСМ информира дека сообраќајот се пренасочуваше преку централно градско подрачје на Крива Паланка само за патнички моторни возила.