Селмани: Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство ќе го трансформира здравството
Имер Селмани вечерва гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител. Тој се осврна на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и ја нагласи важноста на истиот. Според него, ова партнерство со една од светските сили, политички, економски и безбедносно, претставува силен импулс за суштионски реформи и инвестиции, особено во здравството. Тој истакна дека во следните две до три години се очекуваат конкретни придобивки за граѓаните, преку подобрување на услугите и враќање на довербата во институциите.
Селмани напомена дека е многу важно Владата да продолжи со реформите и според него, се споменуваат и планирани големи инвестиции во здравството и инфраструктурата, а нагласи и дека мора сите да бидат порактивни.
,, Освен во здравството најавите за големи инвестиции во инфраструктурата, секако мораме ние проактивно да играме“, кажа Селмани.
Тој посочи и дека за граѓаните се битни реформските процеси, интегративните процеси, како и парите кои почнуваат да се инвестираат. Селмани го прокоментира и Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, при што посочи дека многу значи за земјата да има партнесрство со суперсила како Велика Британија.
,,Имаме супер договор со Велика Британија, да не го повторам, којшто значи многу за нашата држава, значи едно партнерство тоа е едно суперсила, моќна сила, економски, воено , политички“, вели Селмани.
Селмани додаде дека во следните 2–3 години се очекува силен финансиски импулс, кој не само што ќе ја подобри инфраструктурата и услугите, туку и ќе го поттикне неопходниот процес на реформи во системот. Според него, Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува историска шанса за темелна трансформација на здравството и за зајакнување на довербата кај граѓаните.
,,Следи бран на големи инвестиции во здравството. Со стратешкото партнерство со Велика Британија еден од сегментите е инвестиции во здравството и тоа овие наредените две до три години. Така што нас освен што ни требаат инвестиции ни требаат и реформи таму каде што застанале многу години порано за да ние имаме зрдавствен систем којшто ќе ја подигне довербата кај пациентот“,заклучи Селмани.