70-годишен возач удрил во жена пешак, тешко е повредена
На 30.05.2025 година во 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на улицата „Фјодор Достоевски“ во Скопје, патничко возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(70) од Скопје удрило во пешакот Р.Ј.(60) исто така од Скопје.
Во несреќата Р.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.