Државјанки на Русија, Казахстан и Србија го злоупотребиле туристичкиот престој во Македонија

Денеска (01.06.) година во 01:00 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад во содејство со полициски службеници од СВР Охрид извршиле акциска контрола во кабаре во Охрид.

При контролата поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава, спротивно на целта, биле приведени вкупно осум странски државјанки на возраст од 23 до 43 години, од кои една државјанка од Република Србија, една од Казахстан и шест државјанки од Русија.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични