Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми

Денеска (01.06.2025) во 16:20 часот на бул. „Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода двајца турски државјани.

Кај О.Ф.Т.(23) е пронајдена марихуана, а кај А.Ј.Б. (20) се пронајдени 19 куршуми пиштолска муниција калибар 7.62 мм..

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични