Мотоциклист со тешки повреди заврши на Ургентен
На 31.05.2025 година во 16:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(60) од Скопје и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(49) исто така од Скопје.
Во несреќата М.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.