Под мотото „Пријателство без зборови-Човек и миленик“ се одржа ПетФест 2025
Под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, денеска во Паркот на Франкофонија се одржа ПетФест 2025, регионален и интернационален семеен настан кој го обедини најдоброто од пет индустријата на едно место.
Учествуваа ветеринарни доктори, кинолози, одгледувачи, дресери, грумери и хендлери, како и претставници на Министерството за внатрешни работи и Царинската управа со специјалните единици К9, како и Кинолошкиот сојуз на Република Македонија. Имаше и учесници од Србија и Бугарија.
На настанот, како што соопштија организаторите, беше испратена порака дека одговорното сопствеништво е клучот за хумано и безбедно општество.
-Посебен акцент беше ставен на едукација на најмладите преку креативни и ликовни работилници инспирирани од светот на милениците, посочуваат од ПетФест 2025. (МИА)