Геровски: Македонија има историски најнизок јавен долг
Новинарот Бранко Геровски во емисијата „Анализа“ дискутираше за актуелната тема односно договорот за заем со Велика Британија.
На самиот почеток Геровски истакна дека Македонија има пораст на степенот на користење на капиталните инвестиции, историски најнизок јавен долг како и видливоста на првите директни странски инвестиции кои го заокружуваат процесот на забрзана економија.
-Растот е важен но не и единствен фактор за моќта на една држава. Имаме пораст на степенот на користење на капиталните инвестиции, имаме историски најнизок јавен долг, имаме први директни странски инвестиции, има и некои други показатели кои покажуваат дека сме во еден процес на ефектуирање на амбициите да се забрза економијата, рече Геровски.
Во врска со заемот од Велика Британија, Геровски потенцираше дека дури и најмоќните светски економии се задолжуваат и дека задолженоста не ја намалува моќта на економиите, и истакна дека ставовите за изградба на бегалски кампови од страна на опозицијата се тотално невозможни и неодржливи.
-Најмоќните светски економии, најбрзорастечките светски економии се и најзадолжените економии, значи задолженоста не ја намалува моќта на економијата. Прво беше кажано дека тоа ќе биде најповолна каматна стапка што може да се добие неспоредливо со парите што може да се добијат од комерцијални извори, голем дел од парите ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти, и она што е поволно е што од отплатата на кредитот ќе почне по завршување на проектот. Невозможна вест е дека со тоа Британците ќе плаќаат изградба на бегалски кампови во Македонија. Опозицијата кај нас, и СДС и медиуми блиски до опозицијата излегоа со многу тврди ставови дека во Македонија ќе се градат бегалски кампови, таа теза таа приказна дури е апсолутно неодржлива, истакна Геровски.