Грчева: Оваа Влада дава надежни сигнали и работи за подобрување на сите сфери и покрај наследениот разнебитен систем

Националната координаторка за реформи во високо образование Солза Грчева во гостување на „Само Вистина“ дискутираше за работата на Владата и нејзините цели за подобрување на животниот стандард.

На самиот почеток Грчева истакна дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е неспоредливо подобра од претходната влада којашто направила погубни договори и потенцираше дека Владата дава надежни сигнали и нејзините постапки се точно подредени и покрај затекнатиот разнебитен систем и празна каса.

„Сметам дека оваа Влада е неспоредливо подобра од претходната влада којашто направи погубни договори. Апсолутно несогласување со нивните политики. Да не зборувам корупцијата во којашто беа дебело забраздени. Оваа Влада дава надежни сигнали. Бидејќи е сепак една година кусо време, после таков еден разнебитен систем, покрај празна каса којашто се наследи сметам дека постапките се точно поредени онака како што треба“, истакна Грчева.

Грчева објасни дека Владата вложува во сите сфери истакнувајќи го образованието, правосудството, полицијата како и евроинтеграциите за кои истакна дека се прават исправни чекори и дека доколку СДС била на власт сите барања ќе биле исполнети но Македонија сепак ќе била без конкретен датум за преговори.

„Она што се прави многу сфери еве да речеме во образованието кадешто јас работам како национален кординатор навистина со лавовски чекори се оди напред. Мислам дека имаат цел да го средат правосудството на начин да тоа навистина биде независно тоа го покажува и овој страотен случај со Кочани, кадешто навистина многу брзо се реагираше. Понатаму, полицијата којашто откри барем едно десеттина огромни мега корупциски скандали, беше откриен Пуцко Петрол што не отру. Во поглед на евроинтеграциите се прават исправни чекори, гледаме една цврста решеност да не се попушти под овие уцени, бидејќи до сега ако беше СДС на власт верувајте и Уставот ќе беше променет, се ќе беше направено и ние повторно ќе бевме без конкретен датум за преговори“, децидна е Грчева.

Слични