Спасувачките операции стопирани, над 200 загинати во поплавите во Нигерија
Бројот на жртвите во поплавите што ја погодија северна Нигерија се искачи над 200, а 500 луѓе се водат како исчезнати. Спасувачките операции се стопирани, бидејќи се претпоставува дека нема преживеани.
Поплавите, најголеми во изминатите 60 години, ги зафатија окрузите Моква, Тифин Маза и Ангуван Хаусава. На 29 мај северниот дел на Нигерија, по продолжена суша, беше погоден од обилни дождови, кои предизвикаа поплави.
Поплавите не се невообичаени за време на дождовната сезона во Нигерија, која трае од април до октомври. Во Нигерија поплави имаше и минатата година исто така со смртни исходи. Во големите поплави во 2022 година загинаа повеќе од 600 луѓе, а 1,3 милиони беа раселени.