Во Србија се запали автобус полн со ученици од основно училиште, нема повредени

Автобус полн со ученици од oсновното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“ од Прокупље се запали денеска во близина на Бољевац, 210 км јужно од Белград.

Нема повредени деца, а автобусот целосно изгорел. Децата успеале навреме да излезат од автобусот. Станува збор за ученици од седмо одделение кои отишле на екскурзија во Сокобања.
Несреќата се случила околу 10:50 часот утрово.

Според директорот на тоа училиште, Љубомир Вукиќевиќ, кој е на пат кон Бољевац, најважно во овој момент е децата да се добро и да нема повредени. Пожарникарите интервенирале и го изгаснале запалениот автобус.

Слични