Женската јуниорска кошаркарска репрезентација стартуваше со подготовките за литванскиот предизвик

Кошаркарките, предводени од селекторот Виктор Петровски и неговите асистенти Нена Трајчевска и Арин Агиќ, во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, го одработија првиот ден од подготвителниот период за настап на континенталниот собир од Дивизијата „Б“, за кошаркарки „Под 18“ години, кој ќе се одржи во литванските градови, Алитус и Вилнус, во периодот од 4. до 13. јули.

Согласно со планираното, првата фаза од подготвителниот период ќе биде реализирана во Скопје. Првите проверки на сработеното се предвидени по три работни седмици, и тоа на гостински терен во Црна Гора.

Претходно, селекторот Петровски го одреди и поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во текот на подготвителниот период, и секако настапот на шампионатот во Романија.

Слични