Гарсија: Македонија не е само Елмас

На ден пред натпреварот беше одржана официјалната прес-конференција на белгискиот национален тим, а на неа зборуваше селекторот Руди Гарсија.

„Сите 26 фудбалери се во добра форма, иако дел од нив имаат различни ситуации во клубовите. Сите се подготвени, има проблеми во јуни поради крајот на сезоната. Сепак, најважно е што сите доаѓаат во Скопје со желба за да победат. Сите кои беа повредени, во моментов се во добра форма. Секогаш е предизвик да се игра на гости, ама ние сме подготвени. Јасно ни е дека имаме ривал против кој мора да дадеме максимум. Временските фактори треба да се земат в предвид. За утре е предвидено да биде нешто поладно вечерта, ама освен температурата тука е различна и влажноста на воздухот. Тоа ќе биде предизвик, но ние ги направивме сите подготовки при тренажниот процес. Токму затоа дојдовме порано, да ги почувствуваме условите на теренот и да имаме појасна слика.

Многу добро го познавам Ељиф Елмас од Наполи. Кај противникот не е само Елмас, во овој тим има доста солидни играчи како Алиоски и други. Очекуваме навистина тежок натпревар, ќе се фокусираме на нашата игра. Македонија е селекција која игра добар пресинг и ги казнува грешките на противникот, па ќе биде доста интересно и интензивно. Македонија е доста добра репрезентација, а ние добро ја анализиравме. За нас ситуацијата е специфично што немаме одиграно натпревари, додека Македонија има четири бода. Ќе дадеме свој максимум во Скопје“, изјави Гарсија.

Белгијците ќе го одржат и официјалниот тренинг на националната арена „Тодор Проески“. Средбата в петок се игра в петок од 20:45 часот.

Слични