За првиот натпревар на Светското клупско првенство продадени помалку од 20.000 билети

Помалку од 20.000 билети досега се продадени за натпреварот меѓу египетскиот Ал Ахли и Интер Мајами, а капацитетот на стадионот е 65.326 гледачи. Ово меч ќе се одржи на 15 јуни на стадионот „Хард Рок“ во Мајами и ќе биде првиот од Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година.

За да се зголеми посетеноста на турнирот, Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги намали цените на билетите. Првично се продаваа по цена од 349 долари, а сега чинат од 55 долари.

ФИФА очекува навивачите од повеќе од 130 земји да присуствуваат на натпреварите.

Светското клупско првенство на ФИФА 2025 ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули. Групната фаза ќе заврши на 26 јуни. Плејоф фазата ќе се одржи од 28 јуни до 9 јули. Финалето е закажано за 13 јули.

Слични