Велковски: Интернет страната на МТСП сега достапна и за лицата со попреченост
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски објави дека интернет страната на министерството е првата веб страница на јавна институција во Македонија достапна за лицата со попреченост.
-Со особена гордост објавуваме дека Министерството за труд и социјална политика стана првата јавна институција во Македонија која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1. Ова е значаен чекор кон дигитална инклузија и еднаквост. Заедно со тимот од AccessWay, ја направивме нашата страница достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост, истакнува Велковски.
Тој се заблагодари на граѓаните за трпението, поддршка и посветеноста во целиот процес.
-Сега ја преземаме пионерската улога да бидеме пример и да ги мотивираме и другите институции во Македонија да преземат конкретни чекори за системска дигитална пристапност. Инклузијата е наш пат, а пристапноста е наш приоритет, нагласува заменик министерот.